ИМА И ЧЕТВРТА СРЕЌА По бурниот љубовен живот, пронајде среќа со 15 години помлад маж
Еден месец по раѓањето на второто дете со својот колега-актер, актерката го прошета својот дијамантски прстен
Sienna Miller engaged to Oli Green after welcoming second child together: report pic.twitter.com/ZYc2Zzj3sZ
— Updates from Europe (@Updates_Europe) June 9, 2026
44-годишната актерка во текот на излегувањето носеше очила за сонце, фармерки и јакна преку рамо, додека нејзиниот прстен особено се истакнуваше. Милер е мајка на 13-годишната Марлоу со поранешниот партнер Том Стариџ, како и на тригодишно девојче кое го доби со Грин во 2023 година.
Милер и Грин (29) се заедно од 2022 година, а пријатели блиски до двојката претходно изјавија за „Дејли меил“ дека актерот и поранешен модел одамна јасно ставил до знаење дека сака да го помине остатокот од животот со Милер, додека разликата во годините никогаш не им била проблем.
– Оли и Сиена се толку заљубени, имаат прекрасно семејство и се забавуваат толку добро. Тој знае дека Сиена е совршена жена и сака да се ожени со неа. Се надевам дека тоа ќе биде четвра среќа и дека Сиена овој пат ќе стигне до олтарот – рекол еден инсајдер.
Ова е четврти пат актерката да се сврши, иако никогаш порано не била мажена. Милер имаше претходно позната долгогодишна бурна врска со актерот Џуд Ло на почетокот на 2000-тите. Подоцна беше верена со Стариџ од 2012 до 2015 година, а потоа продолжи со бизнисменот Лукас Цвирнер. Двојката никогаш не коментираше за гласините за свршувачка пред да се раздели во 2020 година.
Бурниот личен живот на Милер, исто така, значително влијаеше на нејзината кариера и таа неколку години живееше раскалашено, експериментирајќи со разни опијати. Таа беше поврзана со афери со други актери, од кои еден беше и оженет, Балтазар Гети. Меѓутоа, денес таа избра мирен семеен живот и повеќе не е поврзана со скандали.