📽️ ЧУДНА ПОЈАВА НА БРЕГОТ НА СОЛУН Морето се обоило во кафеаво-зелено, жителите загрижени

По должината на брегот на Солун се појавија кафеаво-зелени наслаги на морската површина, предизвикани од зголемено размножување на фитопланктон под влијание на високите температури и условите во водата.

1

Во последните денови, по должината на брегот на Солун, на морската површина се забележуваат сè поголеми кафеаво-зелени наслаги.

Станува збор за природен феномен предизвикан од зголемено размножување на фитопланктон – ситни морски организми кои нормално се присутни во водата, но во одредени услови можат нагло да се размножат.






Според информациите, високите температури, ветерот и зголемената количина на хранливи материи во морето придонеле за нивен интензивен развој, пренесува „Грчка инфо“.

Како резултат на тоа, на површината на морето се создава густа маса со непријатен мирис, која е видлива долж поголем дел од солунскиот брег.

Иако појавата изгледа непријатно и привлекува внимание кај туристите и жителите, експертите нагласуваат дека не е опасна по здравјето. Слични случаи се забележуваат речиси секоја година во периоди на високи температури и стабилни временски услови.

Поврзани содржини