ИМА ХАЦИЕНДА СО БАЗЕН, ДИВОГРАДБА, НЕПРИЈАВЕНА ВО АНКЕТЕН ЛИСТ! Пратеникот Ковачки со обвинувања до министерката Петровска

Ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска, наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година – рече Ковачки.

925

Министерката за одбрана Славјанка Петровска поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која не ја пријавила во својот анкетен лист – обвини денеска на прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки презентираше и фотографии од вила за која тврди дека ѝ припаѓа на министерката Петровска.






– Како што кажав во дуелот со Министерката во средата таа во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузнаta хациенда со базен во Радишани. Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско, по што таа негираше и рече дека сè што поседува е во нејзиниот Анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот – рече Ковачки.

Тоој притоа го покажа анкетниот лист на Петровска и фотографии од објект, како и фотографии од воздух на населбата во која тој имот се наоѓа.

– Ова е хациендата на Петровска. Во таа хациенда има голем базен, целиот имот е ограден со голема двометарска ограда, што може да се види од следните слики. Ова е евидентниот лист на Петровска од Катастарот на недвижности. Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска. Дополнително, според нашите информации, хациендата на Петровска, покрај тоа што не е пријавена како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана. Ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска, наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година – рече Ковачки.

Тој ја повикува министерката Петровска веднаш да си поднесе оставка.

– Функционерите треба да бидат отчетни и чесни. Лажењето дека не поседува имот кој не пријавен во нејзиниот Анкетен лист, не е одраз на чесност. Ако Петровска крие имот, што друго можеме да очекуваме дека ќе крие? Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО – рече пратеникот Ковачки.

Поврзани содржини