🎥 ИМА ЕДЕН ПРЕЖИВЕАН ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА Еве како Рамеш го опишал своето грозоморно искуство
Според претходно објавената листа на патници од страна на властите, лицето кое седело на седиштето 11A е идентификувано како Вишваш Кумар Рамеш. Индиски медиуми објавија дека успеале да стапат во контакт со него во болницата, каде што тој ја покажал својата карта за чекирање на која јасно се гледа неговото име и бројот на седиштето.
Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми.
Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си.
За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа во болница и е на лекување“.
Претходно објавената листа на патници, која ја споделија властите, наведува дека станува збор за патникот Вишваш Кумар Рамеш.
Индиските медиуми наведуваат дека разговарале со Вишваш во болницата. Тој ја покажал својата карта за чекирање, на која се гледа неговото име и бројот на седиштето 11A.
– Триесет секунди по полетувањето се слушна силна бучава и потоа авионот се сруши. Сè се случи многу брзо. Кога станав, околу мене имаше тела. Бев преплашен. Станав и почнав да бегам. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме фати, ме стави во возило на брза помош и ме однесе во болница – рекол Рамеш, пренесе Скај њуз.
За потсетување, експертите се сомневаат во технички проблеми со авионот како можен причинител на падот. Експертот за авијација Џулијан Бреј изјави дека пилотите извикале „помош“, но дека е необично ваквиот авион да има технички проблеми.
Според наводите на локалните власти, досега се пронајдени најмалку 204 тела на местото на несреќата.
🚨 Ramesh Vishwakumar, the only known survivor of the Air India crash in Ahmedabad, managed to escape by leaping from the aircraft. He was seated in 11A at the time of the incident.
Recalling the harrowing moments, Ramesh said, “The plane went down just 30 seconds after takeoff. pic.twitter.com/LfDSLfDiko
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) June 12, 2025