ИМ „СВЕТНА“ НА АЕРОДРОМЦИ И ЛИСИЧАНИ По повеќе од 15 часа овие скопски населби имаат струја, велат од ЕВН
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила.
По 15 часовен прекин жителите на Ново Лисиче и Аеродром добија електрична енергија, откако вчера невремето со град и силен ветар предизвика проблеми во електродистрибутивната мрежа.
Ова за Плусинфо го потврдија од ЕВН Македонија откако беше саниран дефектот на двата 110-киловатни далекуводи кои ги снабдуваат трасфостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Екипите на ЕВН Македонија сѐ уште се излезени на терен и работат на целосно решавање на проблемот.
Како што е веќе познато, жителите на неколку скопски населби останаа без електрична енергија по 17 часот кога дел од Скопје го зафати силно невреме. Набргу по престанувањето на невремето некои делови добија струја, но другите немаа до утринава. Не работеа ниту семафорите на дел од крстосниците.
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила.