ИМ РЕКОВ ДЕКА ЌЕ ГО ПОТТИКНАТ АНТИСЕМИТИЗМОТ Нeтанјаху смета дека признавањето на палестинската држава придонело за терористичкиот напад во Австралија

„Дозволивте болеста да се шири, а резултатот се ужасните напади врз Евреите што ги видовме денес“, додаде тој.

163

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди вчерашниот оружен напад на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот.

Две вооружени лица отворија оган за време на прославата на првата ноќ на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи најмалку 16 лица, посочија австралиските власти, во намерен антисемитски напад.






Еден од осомничените напаѓачи исто така беше убиен.

Нетанјаху рече дека пукањето било „ладнокрвно убиство“, додавајќи дека уште во август, во писмо до премиерот Ентони Албанезе рекол дека политиките на австралиската Влада го поттикнуваат антисемитизмот во Австралија.

Вашиот повик за создавање палестинска држава само додава масло на антисемитскиот оган. Ги наградува терористите на Хамас и ги охрабрува оние кои им се закануваат на австралиските Евреи и ја поттикнува омразата кон Евреите што сега беснее по вашите улици“, се присети Нетанјаху на напишаното во писмото до Албанезе .

Австралискиот премиер на 11 август изјави дека Австралија има намера да признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември, по сличните најави од Франција, Велика Британија и Канада.

Во својот говор, Нетанјаху ја обвини владата на Албанезе дека „не презема ништо за да го спречи ширењето на антисемитизмот во Австралија“.

„Дозволивте болеста да се шири, а резултатот се ужасните напади врз Евреите што ги видовме денес“, додаде тој.

Албанезе уште вчера свика состанок на Советот за национална безбедност, осудувајќи го нападот и велејќи дека злото што сега е ослободено е „надвор од умот“.

„Ова е целен напад врз Австралијански евреи на првиот ден од Ханука, што треба да биде ден на радост, прослава на верата“, рече тој.

Пукањето на плажата Бонди е најстрашниот во серијата антисемитски напади врз синагоги, згради и автомобили во Австралија од почетокот на израелската војна во Газа во октомври 2023 година.

Поврзани содржини