ИМ ПРКОСИ НА ГОДИНИТЕ Шер на 76 години во трико-танга ја затвори ревијата во Париз (ФОТО)
Беспрекорната фигура ја покажа во едноделен костим од латекс, кој ниту многу помладите жени не би се осмелиле да го облечат.
Пејачката и актерка Шер (76) им пркоси на годините и изгледа како девојка и во осмата деценија. Таа уште еднаш го покажа својот сензационален изглед при затворањето на ревијата на „Балмен“ на Модната недела во Париз.
View this post on Instagram
Беспрекорната фигура ја покажа во едноделен костим од латекс, кој ниту многу помладите жени не би се осмелиле да го облечат, а кој се состои од длабоко деколте и соодветни ракавици. За да даде уште поекстравагантен шмек, Шер носела чизми на платформа.
Долгата коса со децении е нејзин заштитен знак, па и сега ја пуштила да паѓа во меки бранови.
View this post on Instagram
Шер отсекогаш отворено зборувала за корекциите на лицето кои ги правела, а нагласува и дека се труди да води здрав живот:
– Постојано сум на тренинзи. Не пијам алкохол и не се дрогирам. Не поднесувам да гледам телевизија. Се грижам за својот изглед и се хранам здраво. Никогаш не сум имала проблем со мојата тежина. Секогаш јадам што сакам, но останувам верна на мојот тренинг – изјавила Шер претходно за „Сан“.
ФОТО: Инстаграм