📽 ИМ ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА И НЕ ГИ ПУШТАЛ ДА ИЗЛЕЗАТ Туристи од Италија биле држени како заложници во Саранда

На видеото што го објави полицијата на Саранда се гледаат млади Италијанци како бараат од сопственикот да ја отвори вратата.

3,976

Несекојдневен настан се случил во албанската туристичка атракција Саранда, каде што шест италијански државјани биле држени како заложници од 59-годишен маж од Косово.

59-годишниот Ј.А. на младите околу еден час им ја одзел слободата на туристите од Италија и ги држел заклучени во станот што му бил даден под кирија, бидејќи, како што рекол, туристите ја оштетиле покуќнината.






На видеото што го објави полицијата на Саранда се гледаат млади Италијанци како бараат од сопственикот да ја отвори вратата.

Во еден момент му соопштуваат дека веќе ја алармирале полицијата, а се обидуваат и насилно да ја отворат вратата.

– Отвори ја вратата. Сега ќе дојде полиција. Ова што го правите е незаконски. Отворете ја вратата веднаш – велат Италијанците.

Полицијата веднаш штом го добила известувањето пристигнала на местото на настанот, го привела лицето од Косово и ги ослободила младите Италијанци.

Поврзани содржини