ИЛОН МАСК ГИ ЗЕЗНА РУСИТЕ ВО ВСЕЛЕНАТА Им ги зеде работата и профитот, очајно бараат помош од Кина
Русија веќе не може да наплаќа од превоз на астронаути до МВС, го изгуби космодромот Бајконур во Казахстан поради долгови и не може да набави чипови поради санкциите. Војната во Украина дополнително го празни нејзинот буџет.
Русија нема да биде предвовник во вселенската трка со САД, а причина за тоа е што компанијата Спејс Икс на Илон Маск со својот успех направила да се намалат главните приходи на руската НАСА наречена Роскосмос, сугерира статија на Вашингтон Пост. Весникот дошол до документи во кои се вели дека Русија сега панично бара помош од Кина, која пак, станува новиот првак во вселенските истражувања.
Како го направиле ова Спејс Икс? Со самото тоа што компанијата сега е задолжена од НАСА да транспортира астронаути до Меѓународната вселенска станица(МВС) Илон Маск им ја зеде работата на Русите кои наплаќаа им наплаќаа до 85 милиони долари на разни земји за оваа услуга, сугерираа еден документ од досието.
Бајконур сега е на Казахстанците
Истовремено, Русија го изгуби космодромот Бајконур во Казахстан од кој ги лансираше своите летала. Во март годинава, поради долгови, Казахстан ги запленил имотот и средствата на оваа битна станица. Русите се обидоа да изградат нов космодром наречен Восточни во источна Русија во близина на кинеската граница. Но, и со овој проект се поврзани бројни корупциски скандали.
Еден од објавените документи на Пентагон истакна дека прекинот на западните партнерства и прекинатите синџири на снабдување „многу веројатно“ ја загрозува способноста на руската вселенска програма да собира средства.
Нема чипови, нема ни делови
Тука е и војната во Украина која го јаде најголемиот дел од рускиот буџет. Руската вселенска програма опаѓа уште од 2020 година, а по окупацијата на Украина многу странски компании одбија да работат со Роскосмос. Беше одложено произвдството на цивилни сателити поради тоа што западните санкции не дозволуваат електронски чипови и други делови да бидат извезувани во Русија.
Русија очајно бара помош од Кина да ги набави деловите кои и самата престана да ги произведува во 2014 година бидејќи американските делови на пазарот тогаш биле лесно достапни.
Кина би можела да ги употреби сателитите при војна со Тајван
Сега Кина станува ривалот на САД во вселенската битка. Кина неодамна изгради сопствена вселенска станица во ниската орбита на Земјата и планира да испрати астронаути на Месечината и го таргетира лунарниот јужен пол, каде што програмата на НАСА Артемис има намера да испрати и астронаути. Кина, исто така, го удвои бројот на сателити од 2019 година, на над 700, од кои 250 се користат за собирање разузнавачки информации, извидување и надзор.
Протечените американски документи сугерираат дека Кина би можела да ги користи сателитите во случај на војна со Тајван, самоуправен остров кој Кина го смета за дел од својата територија. Во случај на конфликт, Пекинг би можел да ги користи своите сателити за да ги блокира странските комуникациски и разузнавачки сателити и да ги уништи системите за рано предупредување за балистички ракети. И Кина и Русија поседуваат оружје способно да уништува сателити во ниска орбита.
За време на сослушувањето во Конгресот минатата недела, директорот на НАСА, Бил Нелсон , рече дека САД се во вселенска трка со Кина и предупреди дека САД мора да испратат свои астронаути на Месечината пред Кина.
– Ако ѝ дозволиме на Кина прво да стигне таму, што ќе ги спречи да ни кажат: „Тука сме. Ова е наша територија. Останете надвор“. Затоа мислам дека е важно за нас да излеземе таму и да ги воспоставиме правилата на игра – рече Нелсон.