Илиевски: Два пати гласала и плус се сликала гордо, ова се нарекува врв на демократија!

Дали изборната комисија на СДСМ ќе утврди нерегуларности и ќе го поништи гласањето?

8,965

На својот Фејсбук профил Богдан Илиевски објави фотографии од две различни избирачки места во кои посочената членка на СДСМ уфрла ливче во избирачка кутија.

– Добро, можно ли е секретаркава денес два пати да гласала и плус да се сликала гордо? Луѓето кои ми ја пратија сликата велат дека еднаш гласала во УЗ Васко Карангелески, еднаш во ОО СДДМ Битола. Јас не сакам да верувам дека е можно, ама еве, оставам можност во лудиот нордистан во кој Лукашенко/Ким Јонг Ун избори се нарекуваат врв на демократија, да се случило и ова – пишува Илиевски на својот „Фејсбук“ профил.






Дали изборната комисија на СДСМ ќе утврди нерегуларности и ќе го поништи гласањето?

Поврзани содржини