Или вакцинација против ковид-19 или затвор, се закани филипинскиот претседател

Заклучно со 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да вакцинира до 70 милиони луѓе до крајот на годината, во земја со 110 милиони жители.

252

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани со затворска казна за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 додека неговата земја води голема битка со коронавирусот и има над 1,3 милиони заразени и над 23.000 смртни случаи.

– Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор – им рече претседателот Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештајот за низок одговор на вакцинациите во главниот град Манила.






Заклучно со 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да вакцинира до 70 милиони луѓе до крајот на годината, во земја со 110 милиони жители.

– Не ме сфаќајте погрешно, но земјата е во криза, јас сум револтиран од граѓаните кои не ја почитуваат својата влада – рече Дутерте.

Поврзани содржини