Или асална влада која нема да биде уценувана од ДУИ или нови избори

3,353

Не знам зошто се мачат, прават мутњаци со молења, па одолговлекувања, па до декември, па консултации.

Сѐ е тоа евтина глума, кога некој сака да си даде оставка, се решава тоа за два-три дена.






Ако на срце му се итноста и интересот на државата и граѓаните.

Така што, нема што да се губи време на таа тема и нема морален до пола и на зборови – историски одлуки, ама со пола уста.

Ново мнозинство кај нас има логика само ако се состави некоја техничка или експертска влада или голема коалиција која би ги сочинувала сите политички актери освен ДУИ. Албански преставници ќе има доволно и без нив.

Ако таква влада, водена од сериозен човек околу кој би се договориле и обединиле партиите, се покаже како добро искуство, нека тера цел мандат, под услов партиите да не си играат „сите во власт, ама сите опозиционери”.

Ако не иде и снема мнозинство, тогаш нека одат на предвремени.

Во спротивно, нека си продолжи Зоки со Али и нека си ја заокружат оваа лоша приказна што си ја тераат. Евентуално нешто ќе мора да подобрат, инаку повторно не им гине недоверба, ново мнозинство или предвремени.

Втора работа е што командантот не бега од брод што тоне, туку последен останува, а овој брод богами пушта вода од сите страни.

Значи, или асална Влада, која нема да биде постојано уценувана од ДУИ, или нови избори, со надеж дека некоја идна коалиција конечно ќе ги испрати во опозиција.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини