📽️ ИЛЈАДНИЦИ ШИШИЊА ПЛОВАТ ПО ВАРДАР Загрижувачка слика во тетовско по обилните врнежи

Граѓани од Копанце и од Скопје реагираат на видеоснимки на социјалните мрежи кои покажуваат дека отпадот се шири по течението на реката поради покаченото ниво на водата.

1,228

На фејсбук страницата на тетовското село Копанце е објавена видеоснимка која покажува илјадници шишиња и друг отпад како се движат по течението на реката Вардар.

Според првичните проценки, причината за енормната загаденост најверојатно е подигнатото ниво на реката по обилните врнежи изминатите денови, што довело до повлекување на отпадот од бреговите.






Граѓани на социјалните мрежи претходно денеска реагираа и за слична ситуација во Скопје, каде реката Вардар беше исто така покриена со отпад поради високото ниво на водата.

Поврзани содржини