ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ БОЖИЌ ЌЕ ГО ПОМИНАТ НА АЕРОДРОМИТЕ Во светот поради омикрон откажани повеќе од 2.000 летови

Според порталот Flighttaware, во 16 часот по средноевропско време, во петокот веќе имало најмалку 2.116 откажани летови, од кои 499 биле поврзани со патувања поврзани со САД, без разлика дали се меѓународни или домашни. Според истиот извор, вчера биле откажани 2.231 лет.

882

Во пресрет на Божиќ, авиокомпаниите мораа да откажат повеќе од 2.000 летови ширум светот, од кои речиси една четвртина во Соединетите држави, поради омикрон сојот, кој го наруши патувањето за време на празниците.

Во пресрет на Божиќ, авиокомпаниите мораа да откажат повеќе од 2.000 летови ширум светот, од кои речиси една четвртина во Соединетите држави, соочени со вирусот омикрон, кој го наруши патувањето за време на празниците.






Според порталот Флајтавер, во 16 часот по средноевропско време, во петокот веќе имало најмалку 2.116 откажани летови, од кои 499 биле поврзани со патувања поврзани со САД, без разлика дали се меѓународни или домашни. Според истиот извор, вчера биле откажани 2.231 лет.

На барање на агенцијата Франс прес, голем број авиокомпании го наведоа новиот бран пандемии како главна причина за откажувањата, што влијае и на екипажот.

Според веб-страницата Флајтавер, Јунајтед ерлајнс денеска мораше да откаже повеќе од 170 летови, односно девет отсто од планираните летови.

– Скокот на инфекцијата со омикрон низ целата земја оваа недела директно ги погоди нашите екипажи и луѓето што ги водат нашите операции – соопшти компанијата, додавајќи дека се обидува да најде решенија за превоз на патници погодени од откажувањата.

„Делта ерлајнс“ откажа и 145 летови, според веб-страницата Флајтавер.

Откажани се и повеќе од десетина летови на Алјаска ерлајнс чии вработени рекоа дека се потенцијално изложени на вирусот и дека морале да се изолираат во карантин.

Откажувањата го нарушија овогодишното очекување дека ќе се вратат патувањата за празниците по Божиќ 2020 година, кој беше силно погоден од пандемијата.

Според проценките на Американската автомобилска асоцијација, повеќе од 109 милиони Американци треба да го напуштат местото на живеење со авион, воз или автомобил во периодот од 23 декември до 2 јануари, што е зголемување за 34 отсто во споредба со минатата година.

Компанијата Американ Ерлајнс го предвиде бројот на летови за овој период од годината, што е 86 отсто од програмата за летови од 2019 година, кога последните празници беа пред појавата на ковид-19. Сепак, повеќето од овие патувања се планирани пред појавата на високо заразниот вирус омикрон, кој брзо се шири и принудува многу луѓе да одат во изолација дури и ако немаат симптоми на болеста.

Поврзани содржини