ИЛЈАДНИЦИ НАВИВАЧИ ГИ ПОЗДРАВИЈА ХЕРОИТЕ Ветуваме, во вторник ќе го дадеме својот максимум

Во скусена славеничка програма поради строгите ковид – протоколи пропишани од УЕФА, кои не дозволуваат групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, присутните навивачи ги поздравија неколкумина репрезентативци, придружувани од селекторот Благоја Милевски.

288

Илјадници навивачи ги поздравија фудбалските херои на плоштадот „Македонија“. На насобраните симпатизери им се обрати капитенот Стефан Ристовски, најавувајќи беспоштедна борба и во вторник против Португалија, против последниот противник на патот до историски пласман на Светското првенство.

– Пред нас имаме уште еден натпревар. Сакаме да ви ветиме дека ќе го дадеме својот максимум, како што го дадовме и вчера – порача македонскиот капитен.






фото: МИА

Во скусена славеничка програма поради строгите ковид – протоколи пропишани од УЕФА, кои не дозволуваат групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, присутните навивачи ги поздравија неколкумина репрезентативци, придружувани од селекторот Благоја Милевски.

Македонската фудбалска репрезентација в недела треба да замине за Порто, каде во вторник од 20:45 часот ја очекува финалето во мундијалскиот бараж против Португалија на стадионот „Драгао“, чиј капацитет од 48.000 гледачи, според најавите, ќе биде распродаден.

 

 

Поврзани содржини