ИГРАШЕ 4 ЧАСА И 20 МИНУТИ Фоњини не верува во повредата на Надал

Следен противник на Шпанецот ќе биде Австралиецот Ник Кирјос. Тие ќе се борат за пласман во финалето на Вимблдон. 

371

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини ја доведе во прашање сериозноста на повредата на Рафаел Надал.

„Се разбира… Тој играше 4 часа и 20 минути. Момци, престанете да верувате во сѐ што е напишано, ве молам“, напиша Фоњини на своите профили на социјалните мрежи.






Вчеравечер Надал го победи Американецот Тејлор Фриц во меч кој траеше за 4 часа и 20 минути и покрај проблемите со стомачните мускули (3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6). Во вториот сет 22-кратниот победник на Грен слем зеде медицински тајм-аут.

Следен противник на Шпанецот ќе биде Австралиецот Ник Кирјос. Тие ќе се борат за пласман во финалето на Вимблдон.

Поврзани содржини