ИГРАЛЕ НА МАСА И МУ ЦАПНАЛЕ ВО ЧИНИЈАТА Не се знаеше кој кого удира на македонската вечер во Швајцарија, интервенирала полицијата (ВИДЕО)
Неофицијално, причината за оваа тепачка била додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во чинијата, но нема потврда за тоа.
Вистински хаос и општа тепачка. Ова е епилогот од последната Македонска вечер која на 11 март се одржа во Швајцарија, а на која настапија познати македонски пејачи и музичари, а на крај морала да интервенира и полицијата.
Неофицијално, причината за оваа тепачка била додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во чинијата, но нема потврда за тоа.
Меѓу најавените гости беа Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија.