ИГРАЧИТЕ ПУКААТ ОД УМОРОТ, А ФИФА ГО ШИРИ КАЛЕНДАРОТ Инфантино тврди дека сè е под контрола
Инфантино исто така рече дека работната група на ФИФА, предводена од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го анализира влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчи
Здравјето и благосостојбата на играчите остануваат клучно прашање за ФИФА, истакна првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, во контекст на критиките поврзани со новиот, проширен, формат на Светското клупско првенство во веќе преполнетиот календар.
Синдикатот на играчи (ФИФПРО), шпанската Ла Лига и група европски лиги поднесоа заедничка жалба до антимонополските регулатори на Европската унија претходно во октомври, обвинувајќи ја ФИФА за „злоупотреба на календарот“.
Критичарите тврдат дека новиот формат на Светското клупско првенство во организација на ФИФА со 32 екипи и другите проширени турнири ќе го зголемуваат бројот на натпревари секоја сезона и ќе им остават на играчите малку слободно време помеѓу натпреварите.
Инфантино во интервју за Си-Ен-Ен рече дека влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчите ќе биде ограничено.
– Тоа е натпреварување што се одржува на секои четири години. Победникот игра седум натпревари – што е како уште еден и пол натпревари годишно – така што нема големо влијание – наведе Инфантино.
– Тоа што се случува во светскиот фудбал е дека имаме многу натпревари за многу малку тимови, многу малку играчи. Зборуван за оние кои стигнуваат можеби до последната фаза од сите натпреварувања, што е повторно многу ретко. Значи, сè на сè, тоа е сосема избалансирано. Но, ние обрнуваме многу внимание на календарот и здравјето на играчите. Мислам, сакаме да сториме сè за играчите да имаат за да играат на најдобар начин. И тоа е нешто што многумина играчи ми го пренесуваат. Тоа што сакаат е да играат, а не да тренираат, нели? – заклучи првиот човек на ФИФА.
Инфантино исто така рече дека работната група на ФИФА, предводена од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го анализира влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчи