ИФИМЕС: Незамисливо е во 21 век, Бугарија да го оспорува идентитетот и јазикот на Македонците

Според институтот сегашните бугарски власти сакаат да го „сертификуваат“ идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, затоа што тие објавуваат неверодостојни податоци, дека Македонците се со бугарско потекло и дека Република Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

817

„Незамисливо е во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, да го оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“, велат од ИФИМЕС.

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС) преку својата анализа објавува дека на политичката сцена во Бугарија има жесток конфликт меѓу премиерот  Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев и конфронтација помеѓу двете водечки партии, владејачката конзервативна ГЕРБ и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), кои го поддржаа претседателот Радев на претседателските избори.






„Во такви околности, бугарските власти почнуваат да ги извезуваат своите бројни домашни политички проблеми кон соседна Северна Македонија, иако тие го потпишале Договорот за добрососедство и стратешко партнерство во 2017 година. Бугарија неодамна поднесе меморандум до членките на ЕУ, официјално насловен како „Меморандум што ги објаснува односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на процесот на проширување и асоцијација и стабилизација“, со кој се бара ЕУ да биде дел од рамката за преговори со Северна Македонија. Бугарија ги оспорува и македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет“, стои во анализата на ИФИМЕС.

Според институтот сегашните бугарски власти сакаат да го „сертификуваат“ идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, затоа што тие објавуваат неверодостојни податоци, дека Македонците се со бугарско потекло и дека Република Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

 

Поврзани содржини