ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ПРЕКУ СМС ЌЕ ДОЗНАВААТ КАДЕ ДА СИ ГО ЗЕМАТ РЕШЕНИЕТО Барањата за пензија може да се поднесуваат електронски

Во рамките на напорите за подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги.

6,055

Секој граѓанин што поднел барање за остварување на правото на пензија ќе биде известен со СМС порака каде и кога може да го подигне изготвеното решение.

Со оваа новина Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија официјално ќе започне од утре, 29 јули 2025 година.






Од Фондот велат дека оваа услуга се воведува за да се избегне граѓаните непотребно да доаѓаат на шалтерите и за да се намалат гужвите. Со ова се поедноставува процедурата на работа и се намалуваат и трошоците во работењето.

Откако решението ќе биде изготвено од службите Фондот до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија ќе достави порака со следниот текст:

„Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“.

– Jа информираме јавноста дека во рамките на Фондот работи нов Кол центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници (верски лица), остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом – велат од ПИОМ.

Во рамките на напорите за подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени следните 13 електронски услуги:

  1. Барање за остварување на право на старосна пензија
  2. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство
  3. Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство
  4. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица
  5. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – индивидуален земјоделец
  6. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување
  1. Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи
  1. Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица
  2. Потврда за исплатени пензии во периоди

10. Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија

11. Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања

12. Потврда за сметка во банка

13. Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија

Фондот известува дека во фаза на тестирање се и следните услуги, кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период:

Барање за остварување право на семејна пензија

Барање за остварување право на инвалидска пензија

Барање за остварување право на паричен надоместок за телесно оштетување

Издавање дупликат решение.

 

Поврзани содржини