ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ВЕТЕРНИОТ ПАРК ВО ШТИП Привршува постапката со „Казанџи груп“ за гасните централи

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за состанок со „Казанџи груп“ по одморите за да се дефинираат приоритетите.

700

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека најверојатно по одморите ќе има состанок со раководството на турската компанија „Казанџи груп“ за да се дефинираат приоритетите по потпишувањето на Меморандумот што го објави вчера.

-По Меморандумот треба да имаме состанок со раководството на „Казанџи“ и да ги дефинираме приоритетите. Очекуваме оваа инвестиција да почне да се реализира. Станува збор за когенеративни гасни централи кои истовремено ќе произведуваат и топлина за домовите на граѓаните, но и електрична енергија. Можеби до почетокот на одморите е преоптимиситички да се очекува таков конструктивен состанок, но веднаш по нивното завршување очекувам да седнеме и да ги дефинираме приоритетите. Јас лично ќе се ангажирам таа работа брзо да тргне во процес на реализација – истакна Мицкоски.






Тој информира дека идната недела, на 16 јули, ќе биде поставен камен-темелникот на ветерниот парк во Штип што треба да го гради „Алказар енерџи“.

Премиерот минатата година во јуни го најави ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ како најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, вредна над 500 милиони долари, која треба да отвори 630 работни места.

Поврзани содржини