ИБРАХИМОВИЌ ГО НАПУШТА МИЛАН, АМА ОСТАНУВА ВО ИТАЛИЈА? Следната сезона Швеѓанецот ќе се бори за опстанок
Договорот со Милан му истекува во јуни годинава, а како што објавија италијанските медиуми, црвено-црните најверојатно нема да му понудат продолжување на соработката на фудбалерот кој повеќе од половина сезона ја помина на трибините, бидејќи се жалеше на повреди.
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ сѐ уште не размислува за пензија иако веќе наполни 41 година и пред неколку дена стана највозрасниот фудбалер во италијанската Серија А кој успеал да постигне погодок на официјален фудбалски натпревар.
Договорот со Милан му истекува во јуни годинава, а како што објавија италијанските медиуми, црвено-црните најверојатно нема да му понудат продолжување на соработката на фудбалерот кој повеќе од половина сезона ја помина на трибините, бидејќи се жалеше на повреди.
Но, дури и да се случи такво нешто, дури и Милан да му „удри“ клоца на Швеѓанецот, италијанските медиуми пишуваат дека Адриано Галијани, сопственикот на фудбалскиот клуб Монца, е подготвен да му понуди договор на Ибра.