ИБРА ДА ВИ Е НА ПОМОШ! Швеѓанецот итно се врати во Милан по „петардата“ од Интер
Ибрахимовиќ замина во пензија на крајот на минатата сезона, но сè уште е дел од семејството на Милан и затоа одлучил да ги мотивира своите довчерашни соиграчи пред дербито во Лигата на шампиони.
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ очигледно е загрижен за неговиот поранешен тим Милан, кој загуби во градското дерби од Интер со 5:1 пред неколку дена, па затоа решил да му се приклучи на тренерот Стефано Пиоли на тренингот пред средбата против Њукасл.
Ибрахимовиќ замина во пензија на крајот на минатата сезона, но сè уште е дел од семејството на Милан и затоа одлучил да ги мотивира своите довчерашни соиграчи пред дербито во Лигата на шампиони.
Швеѓанецот во два мандата го носеше дресот на „росонерите“, а во вториот му помогна на Милан да го освои Скудетото.
Инаку, екипата на Интер викендов го „нокаутираше“ Милан со 5 голови во мрежата на Мењон.
Zlatan Ibrahimović has joined AC Milan coach Stefano Pioli ahead of UCL game vs Newcastle 🔴⚫️🇸🇪
This happens in the training session before the game and after losing the Milano derby on Saturday. pic.twitter.com/gjUctQU2df
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 18, 2023