Иако слабеете, не значи дека диетата е успешна! Ако ги чувствувате овие четири симптоми, нешто правите погрешно
Пониските бројки навагата или помалиот обем на половината или бедрата не се најважните показатели за упесшноста на диетата кон која се придржувате. Главниот знак дека диетата функционира е како вие физички се чувствувате.
Ако сте премногу опседнати со слабеењето и држите диета што не ви одговара, вашето тело ќе страда и може да дојде до ненадејни промени во расположението, ниско ниво на енергија, проблеми со варењето и ослабен имунитет.
Диета и хроничен замор
Ако се будите истоштени по неколкучасовен сон, а во текот на денот одвај ги држите очите отворени, треба да обрнете внимание на исхраната, но и на стилот на животот. Обрнете внимание на квалитетот на сонот, како и на доволната количина на сон, а оброците базирајте ги на здрави намирници и кои ќе го снабдуваат вашиот организам со енергија.
Диета и дигестивни проблеми
Ако сте почнале да се придржувате на нова диета и забележавте дека не одите доволно често во тоалет, тоа е знак дека не внесувате доволни количини храна или, пак, дека не ги внесувате соодветните намирници. Тука најчесто станува збор за недоволно внесување на влакна.
„Ако постојано јадете нешто солено, веројатно ви недостасуваат минерали во вашето тело.“
Диета и болести
Ако постојано се борите со затнат нос, главоболка, замор или воспаление на грлото, веројатно јадете нешто што влијае на вашиот имунитет.
Диета и копнеж за одредена храна
Копнежот е начин на кој телото се обидува да ви каже дека ви недостасуваат одредени хранливи материи. На пример, ако постојано ви се јаде нешто солено, веројатно ви недостасуваат минерали во организмот.
Посегнувањето по солена храна е исто така начин на кој телото се обидува да се справи со стресот. Ако сакате да јадете слатко, можеби ви се потребни повеќе протеини. Исто така, зголемената потреба за слатки односно шеќер може да биде знак дека на вашето тело му се потребни јаглехидрати како енергија за мозокот и телото.