И ВИКЕНДОВ ЌЕ РАБОТИ ПУНКТОТ ВО „ПРОЛЕТ“ Утре и задутре ќе има фотографирање без закажување за лични документи
В сабота од 8 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.
Скопјани утре и в недела ќе може да се фотографираат и да остават биометриски податоци во пунктот во полициската станица „Пролет“, информираше МВР.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување“, пишува во соопштението од министерството
Оттаму додаваат дека на викендов пунктот ќе работи со скратено работно време, односно од 08 до 16 часот, за разлика од работните денови кога тоа може да го сторат до 18 часот, а по потреба времето може да се зголеми за дополнителни два часа.
В сабота од 8 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.