И УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЖИМЕ Попладне ќе врне, ама нема да залади

1,389

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и со изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.






До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.

Поврзани содржини