И ТУРСКО СЕМЕЈСТВО НАСТРАДА ОД УБИЕЦОТ ОД БОСНА Сулејмановиќ убил татко и син, ја ранил мајката

Иако на снимката се слуша плач на дете, официјално е потрврдено дека меѓу повредените и загинатите нема малолетници, пишува спрски Блиц.

4,966

Покрај преносот во живо од убиството на неговата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ, Сулејмановиќ во крвавиот пир денеска убил и татко и синот – турски државјани, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис кои добро ги познавал, а потоа ранил една жена. која се претпоставува дека е мајката и сопругата на убиените.

Во масовното пукање во Градачац, Босна, ранети се еден граѓанин и полицаецот Хусеин Коториќ, кој по укажаната помош во локалната болница е пуштен на домашно лекување.






Нермин Сулејмановиќ на социјалните мрежи објави видео, кое подоцна беше избришано, на кое наведува кого убил и што направил.

Според локалните медиуми, животот на мајката и сопругата (54) на убиените татко и син (23) се во опасност. Повредениот граѓанин кој исто така е ранет има повреди на долните екстремитети, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Иако на снимката се слуша плач на дете, официјално е потрврдено дека меѓу повредените и загинатите нема малолетници.

 

Поврзани содржини