И ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА НАТО ЈА ЛАЖЕШЕ РУСИЈА Лавров откри што било договорено во 2010 година

И Трамп го кажа ова. За прв пат, не само од американски лидер, туку и од кој било западен лидер, имаше искрени признанија дека членките на НАТО лажеле кога потпишале бројни документи, рече шефот на руската дипломатија.

1,899

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју признал дека НАТО ја лажел Русија дека нема да се шири на исток, тврди шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Во своето долго интервју, самиот претседател Трамп ги спомена главните причини за конфликтот во делот што се однесува на вмешаноста на режимот на Киев во НАТО, спротивно на договорите што беа постигнати преку советските, а потоа и руско-американските договори и односи, и во рамките на ОБСЕ – посочи Лавров на годишната прес-конференција по повод работата на Министерството за надворешни работи.






Според Лавров договор за неширење бил постигнат во 2010 година меѓу претседателите дека ниту една земја или организација од ОБСЕ нема да претендира на доминација и нема да ја зајакнува својата безбедност на сметка на другите.

– И Трамп го кажа ова. За прв пат, не само од американски лидер, туку и од кој било западен лидер, имаше искрени признанија дека членките на НАТО лажеле кога потпишале бројни документи – заклучи рускиот министер.

Лавров побара итни консултации со Србија поради американските санкции за уделот на руски „Гаспромњефт“ во НИС, нафтената индустрија на Србија. Според него, САД и ЕУ ѝ ги вртат рацете на Србија барајќи од неа да ја предаде Русија.

Како што наведе рускиот министер, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден сака да ѝ наштети и на Србија и на администрацијата на Доналд Трамп.

САД ВОВЕДОА САНКЦИИ И ЗА СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА Србија ги разгледува сите можности да ги намали загубите

 

Поврзани содржини