И ТИЕ ЗНААТ ДА НАПРАВАТ ГАФ Јапонскиот премиер прескокна страница од говорот во Хирошима

Во оваа прилика, би сакал да се извинам што прескокнав некои делови од мојот говор на церемонијата, рече Суга

387

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга се извини денеска за случајното прескокнување на делови од говорот во Хирошима по повод годишнината од атомското бомбардирање на градот пред 76 години.

Во извештаите на медиумите се наведува дека премиерот прескокнал една страница и дека грешката е забележана бидејќи јавниот сервис „НХК“ престана да ги покажува акцентите од неговиот говор на церемонијата за време на емитувањето, пренесува Ројтерс.






Грешката привлече внимание поради важноста да се одбележи настанот, кој се одржува секоја година во спомен на загинатите во експлозијата, а Суга веќе е на удар на критичарите поради одржувањето на Олимписките игри во време кога Јапонија бележи остар пораст на заболени со ковид-19.

– Во оваа прилика, би сакал да се извинам што прескокнав некои делови од мојот говор на церемонијата – рече Суга на прес-конференција одржана по годишнината од катастрофата во Хирошима.

Според извештаите на медиумите, во прескокнатите делови од својот говор, премиерот нагласил дека Јапонија е единствената земја што настрадала од атомски бомбардирања и затоа неговата мисија е да се постигне свет без нуклеарно оружје.

Поврзани содржини