И ШЕКЕРИНСКА ВО ИГРА ЗА ГЕНСЕК НА НАТО? Македонија нема реални шанси да ја води Алијансата, но сепак…

Плусинфо дознава дека некои земји членки на НАТО размислувале да ја предложат и македонската министерка за фунцијата генерален секретар на НАТО, иако Македонија, како мала земја и најмлада членка во најмоќното воено-политичко семејство во светот, најверојатно нема реални шанси да го добие тоа место.

2,880

И македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска има изгледи да влезе во „барабанот“ за можен наследник на Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, кој следната година се очекува да го отстапи кормилото на Алијансата.

Плусинфо дознава дека некои земји членки на НАТО размислувале да ја предложат и македонската министерка за фунцијата генерален секретар на НАТО, иако Македонија, како мала земја и најмлада членка во најмоќното воено-политичко семејство во светот, најверојатно нема реални шанси да го добие тоа место.






Како можни кандидати за генерален секретар на НАТО, според пишувања на медиуми во регионот, се спомнуваат поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј и поранешната претседателка на Литванија, Далиа Грибаускаита, потоа поранешната еврокомесарка за безбедност и надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини и актуелната германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Столтенберг, кој е и поранешен премиер на Норвешка, на највисоката дипломатска функција во Алијансата е од октомври 2014 година и веќе во септември наредната година се очекува да го отстапи местото на новиот шеф на НАТО, избор за кој одвреме-навреме уште сега пишуваат медиуми во регионот, но и во Европа, кои форсираат теза дека жена ќе седне во столчето резервирано за генерален секретар на Алијансата, по 72-годишно постоење на најмоќната организација во светот.

Хрватските медиуми со нескриена поддршка пишуваат дека нивната поранешна претседателка Колинда Грабар Китаровиќ има најголеми шанси да го земе во свои раце кормилото на НАТО, затоа што има навистина впечатлива професионална биографија и дека одигра клучна улога во успешните кандидатури на Хрватска за ЕУ ​​и за НАТО. Хрватските новинари потсетуваат дека таа беше амбасадор на земјата во САД од 2008 до 2011 година, што ѝ овозможува да смета на силни врски во Вашингтон, а САД ќе имаат одлучувачки збор за изборите. Грабар Китаровиќ, како што пишуваат медиумите, не сакала да го коментира ова прашање, но новинарите потсетуваат дека таа веќе работела во НАТО од јули 2011 година до претседателските избори во 2015 година, како помошник генерален секретар за јавна дипломатија.

Во анализите за наследникот на Столтенберг, неофицијални дипломатски извори сметаат дека со оглед на постојаните тензии со Русија, треба да се избере дипломат од Источна Европа, кој ќе испрати важен сигнал до Москва. Во тој контекст се споменуваат и поранешната литванската претседателка Далија Грибаускаите, како и естонската Керсти Калjулајд.

Некои, пак, велат дека се лобира и за белгиската министерка за надворешни работи, додека некои земји од ЕУ, особено Италија, веруваат дека е време тие да добијат шанса за највисоката позиција во Алијансата. Федерика Могерини, поранешна италијанска министерка за надворешни работи и поранешен шеф за надворешна политика на ЕУ, претходно изрази интерес, но дипломатите рекоа дека нема да ја добие поддршката од Вашингтон, пишуваат странски медиуми.

Познато е и тоа дека меѓу високите функционери кои би можеле да влезат во битката за наследници на Столтенберг се холандскиот премиер Марк Руте и белгиската министерка за надворешни работи, Софи Вилмес.

Изборот на нов шеф на НАТО треба да се случи на самиот во Мадрид, Шпанија, кој ќе се одржи во пролетта 2022 година.

Инаку, не постои формален процес за избор на генерален секретар. Членките на НАТО традиционално постигнуваат консензус за тоа кој треба да служи понатаму. Оваа постапка често се одвива преку неформални дипломатски канали, но сепак може да стане спорна, како ѓто тоа се случи во 2009 година, кога се појави контроверзност околу изборот на Андерс Фог Расмусен за генерален секретар, поради противењето од Турција.

 

Поврзани содржини