И СЕСТРАТА НА БЕСМИРА ЕЈУПИ ДОБИВАЛА ХОНОРАРИ За две години заработила 4.200 евра од Државно правобранителство

Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20.000 денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра до Државното правобранителство.

1,282

И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии, пренесе Телма.

Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20.000 денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра од Државното правобранителство. Сестрата Бесмира, пак, која на затворена владина седница прво беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4.000 евра.






Двете сестри не работеле само во една државна институција, туку во повеќе па така Бесмира била ангажирана хонорарно и во општините Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец додека Фатиме Ејупи лани во декември добила 1.000 евра хонорар од Државната изборна комисија и уште околу 4.000 денари од УЈП во повеќе ситни трансакции.

Поврзани содржини