И ПТИЦИТЕ ВО ПЛАНИНАТА ЗНААТ ДЕКА ЗБОРУВАШ ЗА АЛИ АХМЕТИ Груби му возврати на Муса Џафери за „старото момче“

Ова се случува буквално на сите нивни собири. Сите обвинувања коишто се упатени кон мене се всушност напади кон лидерот Али Ахмети, изјави првиот вицепремиер Артан Груби.

2,688

И птиците во планината знаат дека членовите на „Огнената група“ ги испраќаат пораките на адреса на лидерот Али Ахмети, а јас сум само инструмент преку кој го напаѓаат лидерот и преку кој можат да му испраќаат пораки.

Вака првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Интервју во Шења“ одговори на пораките што ги испрати еден од „огнените“ Муса Џафери, кој порача дека „старото момче ги брои последните денови“.






– Никому немаме наштетено и се трудиме максимално да им помогнеме на сите. Многу ми е жал што работата дојде до овој степен. И птиците во планината знаат дека „Огнената група“ испраќа пораки до Али Ахмети, а не до Арган Груби. Јас сум само инструмент преку кој го напаѓаат и преку кој можат да му испратат порака. Ова се случува буквално на сите нивни собири. Сите обвинувања коишто се упатени кон мене се всушност напади кон лидерот Али Ахмети – изјави Груби, пренесе порталот ТетоваСот.

Тој рече дека сѐ уште не се зборува за поделба во партијата, но призна дека има незадоволство и револт кај „Огнената група“ во Чаир и во Сарај.

Инаку, на партискиот собир во Општина Чаир, „огнениот“ Муса Џафери порача:

– Ним им бега возот…тие…момчето или старото момче ги брои неговите последни денови на тој циркус кој го води по медиумите, по Тик ток итн… – рече Џафери.

Џафери не кажа точно за кое момче или старо момче зборува, дали мисли на првиот вицепремиер Артан Груби или на лидерот на ДУИ кој е повозрасен.

МИСЛИ НА АХМЕТИ ИЛИ НА ГРУБИ?! Муса Џафери вели дека старото момче ги брои последните денови

Поврзани содржини