И ПРОСЛАВАТА ЗА НУЛА ДЕНАРИ НА СДСМ МУ СЕ ВИДЕЛА СКАПА Бихаќка се интересира за озвучувањето на Перо Камиказа

„Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација“, праша СДСМ. „НУла денари“, одговори ВМРО-ДПМНЕ.

7,484

СДСМ денеска обзнани сомненија дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја ангаѓжирала фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад.

ВМРО одговори дека новогодишната прослава чинела за 100.000 евра помалку од таа на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, за која и Државната комисија за спречување на корупција покрена иницијатива за разгледување.






Мартин Попов, советник во Град Скопје, на прес-конеференција постави прашање до Арсовска:

– Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација? Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство. Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организираше најбогатиот градоначалник во Европа, Петре Шилегов.

– Од ваквите автоголови и лаги на СДСМ и на Мартин Попов, кого што очигледно го пуштаат низ вода, на јавноста ѝ е преку глава.

Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти. И со новото поскапување на парното греење за 14,05 проценти. И со новото поскапување на метанот за 120 проценти. Веројатно овие прашања не ги засегаат милионерите од СДСМ, на кои крадените пари им се доволни, но граѓаните не може да врзат едвај крај со крај поради расипништвото на власта – возврати ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини