И по 15 дена лекување од ковид-19, Бојко Борисов тешко дише, кашла и има рапав глас (ВИДЕО)

Борисов на 25 октомври објави дека е позитивен на корона вирусот. По ова, а и откако се појавиле симптоми, тој се лекува во премиерската вила во Софија, а за него се грижи личен лекар.

2,345

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и по 15 дена сè уште е болен од ковид-19. На видеото што го објави вчера на Фејсбук може да се забележи дека гласот му е рапав, дека тешко дише и дека има сува кашлица. Како што синоќа објави бугарскиот портал „24 часа“, Борисов одбил да оди во болница иако болеста продолжува да трае и повеќе од две недели откако е за првпат констатирана.

Според медиумот, во неделата му бил земен брис на Борисов, а подоцна тестот покажал позитивен резултат.






Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, пак, утрово соопшти дека добил негативен резултат на вториот ковид-тест.

„Негативен сум на ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, ќе го пречекам премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев,и ќе го одржам Самитот на Берлинскиот процес“, напиша Борисов на Фејсбук.

Борисов на 25 октомври објави дека е позитивен на корона вирусот. По ова, а и откако се појавиле симптоми, тој се лекува во премиерската вила во Софија, а за него се грижи личен лекар.

Денеска се очекува да се одржи Самит на земјите од Берлинскиот процес, а заеднички домаќини ќе бидат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов. Најавено е дека двајцата премиери ќе се сретнат во Софија.

Поврзани содржини