И наследникот на владиката Амфилохиј има симптоми на ковид-19, се чекаат резултатите од ПЦР тестот
По смртта на митрополитот Амфилохиј, токму владиката Јоаникиј беше именуван за администратор на Митрополијата црногорско-приморска.
Владиката Јоаникиј, администратор на Митрополијата црногорско-приморска, во текот на вчерашниот ден почувствувал голема малаксаност и имал зголемена телесна температура.
По смртта на митрополитот Амфилохиј, токму владиката Јоаникиј беше именуван за администратор на Митрополијата црногорско-приморска.
По целосен физикален преглед, лекарите констатирале дека физикалниот наод кај митрополитот е уреден.
„Со намера благовремено да го информираме верниот народ, соопштуваме дека утрово извршени се детални лекарски прегледи, па со сигурност може да се каже дека епископот Јоаникиј е во уредна здравствена состојба“, наведуваат од Митрополијата.
Меѓутоа, соопштуваат оттаму, владиката Јоаникиј има благо воспаление на десното белодробрно крило, поради што се чекаат резултатите од направениот тест за коронавирусот.
„Радиографијата на белите дробови не покажува промени, додека со скенер е установено дека владиката има минимален фокус на воспаление на десното белодробно крило. Спроведено е ПЦР тестирање, чии резултати ги учекуваме“, се вели во соопштението.
Таму е посочено дека владиката Јоаникиј е испратен на домашно лекување.