И НАШИОТ КЛУБ БЕШЕ ИСКРШЕН, ПА НИКОЈ НЕ БЕШЕ КАЗНЕТ Македонците во Бугарија се сеќаваат што се случи во 2007 и 2008 година

ОМО Илинден Пирин раскажуваат како во нивниот клуб во градот Гоце Делчев биле кршени стакла, цртани биле свастики, а бугарската полиција одбила да започне истрага затоа што штетата наводно, не била доволно голема. Бугарските власти не го осудиле вандализмот.

5,453

Здружението ОМО Илинден-Пирин на Македонците во Бугарија реагираше на брзината со која македонските власти го фатија Ламбе Алабаковски за палење на таблата „Ванчо Михајлов“, потсетувајќи дека македонскиот клуб во градот Гоце Делчев два пати бил напаѓан во 2007 и 2008 година, но дека никој не бил казнет, ниту пак бугарските власти го осудиле вандализмот.

Тие раскажуваат како во клубот биле кршени стакла, цртани биле свастики, а бугарската полиција одбила да започне истрага затоа што штетата наводно, не била доволно голема.

Поврзани содржини