Премиерот Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници секој ден тоне во криминал, обрачот околу него со секој поминат ден се стега сѐ повеќе, единствено прашање на време е кога ќе ја изгуби власта оваа криминогена структура околу Заев, велат од Левица.
– Токму поради паниката која го зафаќа премиерот Заев, како страв од кривична одговорност за сите злодела и криминали кои ги направи во периодот на неговото владеење, тој посегнува по уште поголем криминал и репресија, а со тоа и другите околу него ги вовлекува во криминални дејствија. Последен ваков случај беа вчерашните случувања во Собранието на Македонија, каде премиерот Заев, заедно со спикерот Џафери, прекршувајќи ја одлуката на Собранието и Кривичниот законик, поттикнаа два пратеници на кривично дело, приндувајќи ги да се појават на гласање на 32-рата седница и покрај тоа што пратениците беа позитивни на коронавирусот, што претставува кривично дело според КЗ Чл. 206 – за што Левица ке поднесе кривична пријава против овие два пратеника – велат од Левица.
Од партијата велат дека за да се обелодени вистината во јавноста, која СДСМ, и особено ковид позитивните пратеници претставувајќи се како жртви ја испревртуваат, доволно е да се погледнат точките на дневен ред од 32-рата седница, и тоа на сајтот на Собранието. Оттаму лесно може да се види дека 5-тиот пакет економски мерки не беше точка на дневен ред на оваа седница. Од Левица додаваат дека гласањето за петтиот пакет мерки никогаш не било доведено во прашање од опозицијата, бидејќи истата спикерот можеше да ја свика и на 16 април, но, тоа не го сторил.
– Вчера, за тој пакет економски мерки гласаа над 100 пратеници! Воопшто не беше потребно присуството на ковид позитивните пратеници за изгласување на петтиот пакет мерки, коишто патем, додека медицинскиот персонал низ земјава страда од недостиг на заштитна опрема и секој ден умираат луѓе како жртви токму на неспособното Министерство за здравство – тие дојдоа со скафандери и приватни амбулантски возила – велат од Левица.