И КУМАНОВО ПРАТИ ПОМОШ ВО ТЕТОВО Фабриката сѐ уште гори
Една цистерна од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.
Општина Куманово итно испрати свои противпожарни екипи како поддршка на колегите од Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката.
Дополнително, една цистерна од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.
Претходно, Општина Кавадарци испрати три возила и седум пожарникари за да помогнат во гаснењето на пожарот.
Пожарот претпладнево избил во фабриката за стиропор „Профикс“ во Тетово. Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Општина Тетово апелираше до учениците и до граѓаните да не излегуваат од дома без потреба.