И КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛКА ЌЕ ОДАМ ПЕШКИ НА ПАЗАР Силјановска Давкова нема да го менува својот животен стил

Јас сум пешак, пешки доаѓам на работа. Не возам автомобил. Среќавам луѓе, се чувствувам пријатно во градот, ги знам годишните времиња. Ги знам сите луѓе на пазар, на Зелен и на Буњаковец, од првата до последната тезга. Сакам на крајот да си купам цвеќе, рече Силјановска Давкова.

743

Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека сака сама да се движи низ градот и дека пред неколку дена била на пазар.

– Јас сум пешак, пешки доаѓам на работа. Не возам автомобил. Среќавам луѓе, се чувствувам пријатно во градот, ги знам годишните времиња. Ги знам сите луѓе на пазар, на Зелен и на Буњаковец, од првата до последната тезга. Сакам на крајот да си купам цвеќе – рече Силјановска Давкова.






На посочувањето дека доколку стане претседател на државата, нема да може сама да се движи по улиците, таа вели дека тоа се големи дилеми и дека ќе размисли дали ќе го „жртвува“ пазарот и одењето пешки кое ја прави среќна.

– Можеби можат да се сменат правилата – додаде Силјановска Давкова.

Поврзани содржини