И ГЕНСЕКОТ НА СДСМ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Николовски си оди, ќе се бира нов секретар

Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето, напиша Николовски во оставката.

715

Љупчо Николовски генералниот секретар на СДСМ денеска поднесе писмена оставка од функцијата. Тој во оставката изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

„Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите.






Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по која било основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на која било позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците“, се наведува во писмената оставка.

Поврзани содржини