И ФИЛИПЧЕ ЛИ МИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТ СО БУГАРСКИОТ? Манасиевски бара одговори од лидерот на СДСМ
Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија, тој од позиција на премиер даваше изјави кои немаа врска ниту со реалноста, ниту со фактите. Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ. кловн ги засмејуваше регионалните политичари, вели Валентин Манасиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали Венко Филипче е воодушевен од Зоран Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот, праша денеса Валентин Манасиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија, тој од позиција на премиер даваше изјави кои немаа врска ниту со реалноста, ниту со фактите. Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него. Заев ги опустоши македонските национални интереси и како кловн ги засмејуваше регионалните политичари – рече Манасиевски.
Дали Венко Филипче се гордее и со тоа, праша тој.
– Добро е што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев. И што може да очекува – рече Манасиевски.