И ЕВРОПЕЈЦИТЕ УДРИЈА НА ТЕСТО Лани во земјите од ЕУ се произведени 6 милиони тони тестенини
Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година.
Во земјите на ЕУ во 2022 година се произведени 6,1 милиони тони тестенини во вредност од 7,8 милијарди евра, што е за милион тони повеќе или 20% повеќе од пред пет години.
Како што објави Евростат, Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година, вредни 5,1 милијарди евра и учествуваат со 68% од вкупното производство во ЕУ по волумен и 66% по вредност.
Истовремено, Италија беше убедливо најголемиот извозник на тестенини во ЕУ и извезе 2,1 милиони тони, што претставува 77% од вкупниот број членки на ЕУ.