И ДРЖАВАТА ЌЕ ИМА КОРИСТ ОД ПОГОЛЕМА МИНИМАЛНА ПЛАТА Износот треба да го договорат работодавците и синдикатите, Владата не се меша

Од еден од партнерите беше даден предлог за минимална плата, предлог кој потекнува од една од коморите, не сакам сега да споменувам која, според кој минималната плата да биде 31.500, а да се плаќат придонесите на сегашната минимална плата. Тоа од мене беше одбиено, рече премиерот Христијан Мицкоски.

5,718

Износот на минималната плата треба да го договорат работодавците и синдикатите. Владата не се меша во тој процес, само е фацилитатор и демантирам дека Владата нешто отфрлила или прифатила на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со тоа што вчера не „падна“ договор за нов износ на минималната плата.

– Ставот на Влаата е дека ќе поодржиме сè  што ќе се договорат и усогласат сидикатите и работодавците. И на државата ѝ одговара повисока минимална плата, оти, тоа ќе значи повеќе приливи во буџетот – рече Мицкоски.






Тој откри дека, сепак, вчера одбил еден предлог.

– Од еден од партнерите беше даден предлог за минимална плата, предлог кој потекнува од една од коморите, не сакам сега да споменувам која, според кој минималната плата да биде 31.500, а да се плаќат придонесите на сегашната минимална плата. Тоа од мене беше одбиено. Тоа не е во согласност со закон, невозможно е да се имплементира. Ние сите уплаќаме придонеси за зравствено и за пензиско осигурување, за да ги имаме. Владата предвиде зголемување на парите во Фондот за здравствено осигурување, за да добијат граѓаните нега каква што заслужуваат, а имаме трансфери и кон Фондот за пензиско осигурување, за да имаат солидна пензија. Така што, таа логика со трикови за помали придонеси, а поголема минимална плата, ќе донесе тотална дисторзија во системот – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини