И ДОМ ПО СТАПКИТЕ НА ЛДП И НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ Францускиот предлог може да ја сруши владината коалиција

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, наведено е во соопштението на ДОМ.

525

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше т.н. француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли, се вели во партиското соопштение.

„Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите. Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство“, наведено е во соопштението.






ПРЕМИЕРОТ ДА ПАЗИ ШТО ЌЕ КАЖЕ ВО БРИСЕЛ И Демократски сојуз ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог

ЛДП ЌЕ ЈА НАПУШТИ ВЛАДАТА АКО БИДЕ ПРИФАТЕН ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Ако тие мислат дека не сме важен фактор, тогаш се излажале!

Поврзани содржини