И ДЕНЕСКА ВИСОКИ БРОЈКИ Регистрирани 412 нови случаи на ковид-19 и 12 починати
Моменталниот број на активни случаи изнесува 12.089. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 191.820
Нови 412 позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани денеска од вкупно направени 3.379 тестови. Во изминатите 24 часа починале 12 пациенти, а се регистирани 395 оздравени лица, информира Министерството за здравство.
Најмногу од новооткриените случаи на ковид-19 се од Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1 .
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76, 74, 73, 60 и 56) и по едно починато лице од Куманово (81), Велес (85), Дебар(73), Делчево (59), Кавадарци ( 85),Крива Паланка ( 67) и Тетово (64).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.