И ДЕНЕСКА ЌЕ УЖИВАМЕ ВО ТИВОК И СОНЧЕВ ЗИМСКИ ДЕН Од петок попладне дожд и снег

Минималната температура денеска ќе се спушти од минус 7 во Берово, до минус 1 во Охрид, а максималната дневна ќе се движи од 6 степени во Маврово, до 13 во Гевгелија.

552

Денеска наутро времето ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти од минус 7 во Берово, до минус 1 во Охрид, а максималната дневна ќе се движи од 6 степени во Маврово, до 13 во Гевгелија.






Во Скопје, утрото ќе биде студено со појава на магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со мала облачност. Утринската температура ќе изнесува минус 5 степени, а дневната ќе се искачи до 9 степени Целзиусови.

Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, a долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на маглa.

Поврзани содржини