И ДА ВЕЕ, ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА Ќе се одигра натпреварот Ливерпул-Манчестер јунајтед

271

Премиерлигашот Ливерпул излезе со соопштение во врска со натпреварот од 20. коло на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.

„Денешниот натпревар со Манчестер јунајтед ќе се одигра според планот (17:30 часот). Претходно беа одржани два безбедносни состаноци за да се проценат временските услови и условите за играње. Им благодариме на сите што ни помогнаа да бидеме домаќини на овој натпревар денес. Ако патувате на „Енфилд“, ве молиме внимавајте дополнително. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме таму“, напиша прес-службата на клупската социјалната мрежа.






Претходно беше соопштено дека натпреварот може да биде откажан поради обилните снежни врнежи. Пистите на аеродромите во Манчестер и Ливерпул беа привремено затворени.

Ливерпул е на првото место во Премиер лигата со 45 бодови од 18 натпревари. Манчестер јунајтед има 22 бода од 19 натпревари и се наоѓа на 14. место.

Поврзани содржини