И ДА ПОГИНЕШ КОЛКО МОЖЕШ ЌЕ СЕ СПАСИШ Рускиот поглавар им ветува царство небесно на мобилизираните (ВИДЕО)

Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.

2,387

Поглаварот на Руската православна црква Кирил во денешната проповед им се обрати на граѓаните опфатени со делумната мобилизација и им порача да не се плашат за загинат за татковината, зашто нивно ќе биде царството небесно.

– Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови – рече тој.






Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.

– Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство – им вели Кирил на верниците.

Поврзани содржини