И АЛБАНЦИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ ПОРАДИ ДУИ Митева тврди дека оваа партија е центар на криминалот
Портпаролката Митева додаде дека вчера претседателот Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5 телевизија го истакна предлогот за укинување на техничката влада за овие избори. Причината поради што доаѓа до ваков предлог не е за истиот да се стави на маса и да биде некој услов за лидерска средба, туку е чисто разумен политички предлог, рече таа и појасни: ” Од една страна ние имаме техничка влада која во минатото се покажа како нефункционална и техничка влада која повеќе го отежнуваше процесот отколку што го олеснуваше“.
Жалам што секој предлог кој е во насока за подобрување на состојбите во Македонија СДС го третира како театар. Доколку ја променат реториката и размислувањата ќе разберат дека за многу сериозни процеси за кои кажале дека се наводен театар многу подоцна се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ размислува стратешки и во насока на подобрување на актуелните состојби кои се покажале како неуспешни, истакна портпаролката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина!“ на Канал 5 Телевизија.
Митева додаде дека вчера претседателот Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5 телевизија го истакна предлогот за укинување на техничката влада за овие избори. Причината поради што доаѓа до ваков предлог не е за истиот да се стави на маса и да биде некој услов за лидерска средба, туку е чисто разумен политички предлог, рече таа и појасни: ” Од една страна ние имаме техничка влада која во минатото се покажа како нефункционална и техничка влада која повеќе го отежнуваше процесот отколку што го олеснуваше“.
Митева посочи дека СДС се неодлучни и не можат да се спротивстават на ДУИ.
– Кога ќе ги анализирате состојбите и ќе видите дека истите допринеле да има негативности, наместо позитивни исходи од истото тогаш е во ред да седнете како сериозни политичари и да кажете дека некаков принцип треба да го напуштите, а втората причина поради која дојдовме до еден ваков заклучок како раководство и политичка партија е од причина што не можете да имате вие политичка партија што се наоѓа во центарот на сите скандали и афери што се случуваат во изминатиов период, а тоа е политичката партија ДУИ, која е континуирано нападната во јавноста преку презентирање на сите нелегални активности што ги прават од позиција на власт да биде политичка партија која ќе има премиер па макар и 1 ден, а не само 100 дена. За мене и ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека тоа е неприфатливо, не треба да биде принцип, но очигледно е дека СДС се толку под клештите на ДУИ што не можат да донесат политичка одлука надвор од ставовите на ДУИ – вели Митева.
Таа потенцираше дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните сакаат да имаат премиер кој доаѓа од политичката партија ДУИ која е во центарот на сите скандали, окупирана со криминал и корупција, а која СДС немо ја поддржува. Не заслужува Македонија да има премиер предложен од таа политичка партија 1 ден, а не 100 дена.
– Причините зошто ВМРО-ДПМНЕ е против премиер кој ќе дојде од редовите на ДУИ е затоа што исто како Македонците што се селат поради СДС и ДУИ така исто и Албанците се селат поради СДС и политиките на ДУИ – истакна Митева, а во насока дека партијата е против тоа да има Албанец премиер.
Митева заклучи дека ДУИ е партијата поради која и Албанците, исто како и Македонците ја напуштаат државата и се разочарани.
Митева укажа дека она што го говорат од СДСМ е само ароганција и оти само на тој начин знаат да функционираат.
– Од СДСМ не разбираат дека секако 2024 година е изборна година, не разбираат дека процесите требаше да започнат многу порано, не разбираат дека во последните шест месеци пред избори не треба да има измени во Изборниот законик, не разбираат дека ние се стремиме сите тие аномалии да ги промениме и да не бидат пракса како претходно. И кога ги има овие аргументи од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат, па зарем треба некому да удоволиме – рече Митева обраќајќи и се на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска со која беа на дебатата на Канал 5.
За состојбата во државата како што укажа Митева, најдобро говори последниот Извештај од Европската комисија.
– Мојата изјава дека се работи за најлош Извештај, таа проценка не ја направи Марија Митева, ја направи Парламентарниот институт на Собранието. Јас верувам во тој институт – вели Митева.
Митева се осврна и на работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кажете ми како е возможно ниту еден градоначалник од редовите на СДСМ да нема организирано отчет. Сега зборуваме за општини како Штип каде градоначалникот дневно промовира два проекти, зборуваме за градоначалник на Аеродром кој има реализирано повеќе од 50 проценти од програмата, напаѓаат градоначалник на Бутел кој за половина мандат реализирал 4 капитални проекти – кажа Митева.
Митева се осврна и на низата скандали на оваа Влада, или „Влада која склучува договор со Бехтел и Енка, две милијарди, имате Влада чии што претставници, деца од 18 години купуваат трговски центар во центарот на Скопје, имате скандал Беса транс, Ласкарци, Онкологија, трета година по ред учениците немаат учебници“.