📷 И 8 МАРТ ПОМИНА, А НА ДАНЕЛА НИКАКО ДА Ѝ „СВЕТНЕ“ Новогодишните куќарки сѐ уште го „красат“ градскиот плоштад

Како што можевме да забележиме на терен, искинати се каблите за струја, искршени се вратите, а внатре куќарките се полнат со ѓубре. Некои граѓани во нив си нашле свое засолниште.

963

Вкупно 23 дрвени куќарки кои беа поставени за новогодишните и божиќните празници сѐ уште го „красат“ плоштадот „Македонија“ и сѐ уште никој не дошол да ги демонтира и дислоцира.

Иако помина доста време од новогодишните празници и наближува пролетта, оваа урбана опрема е оставена на милост и немилост на времето и на несовесните граѓани.






Како што можевме да забележиме на терен, искинати се каблите за струја, искршени се вратите, а внатре куќарките се полнат со ѓубре. Некои граѓани во нив си нашле свое засолниште.

Граѓаните сметаат дека вака не треба да изгледа ниту еден град, а најмалку главната метропола. Тие се прашуваат зошто воопшто куќарките сѐ уште се на плоштадот и зошто никој не ги отстранил досега.

– Моменталната глетка на плоштадот е многу грда. Има куќарки кои не служат буквално за ништо. Ниту има некој настан, ниту некој празник, само така „дремат“. Јас често поминувам тука и гледам дека голем дел од нив се уништуваат. Токму вчера забележав во една од нив, која беше обиена, две Ромчиња си седеа и си свиреа на тарабука – ни изјави скопјанецот Жарко.

Друг граѓанин ни рече дека во ред е кога има некоја прослава, како Нова година, да бидат поставени вакви реквизити, но сега кога нема потреба од нив, тие даваат лоша слика за Скопје.

– Ако куќарките се овде и не се користат за ништо тогаш зошто стојат? Само да се трошат парите на граѓаните. Малку ли се троши на други работи па и за ова да се троши? Башка видете на што личи ова, градот стана депонија – додава трет граѓанин.

Како многупати досега, од Град Скопје и од градоначалничката Данела Арсовска, за многу прашања поврзани со Градот, нема никаков одговор. Па поради тоа не знаеме зошто сѐ уште куќарките не се отстранети од плоштадот Македонија, дали ќе се користат за некој друг настан и дали одговорните за нивното поставување и отстранување ќе сносат одговорност.

Градот Скопје некаде кон средината на декември почна да го украсува градот. Во тој период граѓаните со денови се потсмеваа со новогодишната крива елка на плоштадот, која стана популарна и во медиумите од регионот.

И покрај бројните прашања од медиумите Арсовска не даде одговор кој беше задолжен за украсувањето и зошто не беше објавен тендер. Инспекторите од финансиска полиција ја собраа документацијата за новогодишното украсување вредно 30.000 евра, но досега не споделија информација што покажала истрагата.

 

ЌЕ Ѝ СВЕТНЕ ЛИ НА ДАНЕЛА ПОРАНО ДА ГО УКРАСИ СКОПЈЕ? Општините ќе китат елки и веќе договараат пејачи

ТМУРНО И ЖАЛНО ИЗГЛЕДА СКОПЈЕ ПРЕД НОВА ГОДИНА Скопјани одат во странство за да почувствуваат празнична атмосфера

ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ ВЕЛИГДЕН СО КРИВАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ПЛОШТАД? Плачевме за китење на Скопје, сега плачеме за раскитување!

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЧУКНЕ НА ПОРТАТА НА ГРАД СКОПЈЕ Ќе се истражува како Арсовска без тендер за украсувањето потрошила 30.000 евра

ЕЛКАТА НА ДАНЕЛА СИ ЗАМИНУВА Скопје се раскитува, нема да има дочек за Велигден

 

Поврзани содржини